Рама најави за напролет граница со Косово по принцип на Шенген

Претходно Рама изјави дека по прнципот на Шенген посакува граници и со Македонија и Грција.

173
Photo: EPA-EFE / FILIP SINGER

Премиерот на Албанија Еди Рама најави дека границата со Косово по принцип на Шенген ќе биде отворена напролет.

– Она што ќе го направиме е многу едноставно. Презедовме цел Шенгенски систем преведен од почеток до крај. Со многу детали меѓу Министерството за внатрешни работи на Албанија и Министерството за внатрешни работи на Косово за да се гарантираат сите безбедносни параметри и слобода на движење, не доведувајќи во прашање кои било загарантирани стандарди кои ние ги даваме како држава која има корист од либерализација на визен режим – изјави Рама.

Тоа го нагаласи на традиционален прием за акредитирани дипломати во Тирана.

Претходно Рама изјави дека по прнципот на Шенген посакува граници и со Македонија и Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...