Дваесет повредени во силна експлозија во центарот на Париз ВИДЕО

235

Дваесет луѓе се повредени во експлозијата и пожарот што се случија во една пекарница во центарот на Париз, соопшти полицијата, додавајќи дека засега нема информации дека има загинати.

Се верува дека експлозијата е предизвикана од протекување на гас, при што се оштетени неколку згради и возила во околината, а ТВ-снимките покажаа и голем пожар. Полицијата и пожарникарите ја евакуираа околината и забранија пристап.

Експлозијата се случи во периодот кога Париз се наоѓа под силно обезбедување, бидејќи за денеска се најавени нови протести на „жолтите елеци“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...