И Макрон не оди во Давос

144
ФОТО: EPA / Juan Ignacio Roncoroni

Претседателот на Франција, Емануел Макрон нема да учествува на Светскиот економски форум во Давос, јави француското радио БФМ, повикувајќи се на Елисејската палата.

Причина за откажување е пренатрупаниот распоред на обврски на Макрон, наведуваат од Елисејската палата, додека радиото наведува дека тоа може да има врска можеби со протесите на „Жолтите елеци“ и претстојната расправа за работата на државните институции и демократијата.

Светскиот економски форум ќе се одржи од 22 до 25 јануари во Давос, во Швајцарија.

Американскиот претседтаел Доналд Трамп исто така објави дека нема да присуствува на тој форум поради ситуацијата на американско-мексиканската граница и блокадата на владата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...