Европската Унија реагира на последната смртна казна изречена во Белорусија и потсетува дека смртната казна „не спречува злосторства“.
На 9 јануари 36-годишниот Алиаксандр Асипович беше осуден на смртна казна во Белорусија, поради убиство на две девојки кои ги сретнал во ноќен клуб.
Европската Унија изрази сочувство до семејствата и блиските на жртвите, но сепак високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, потсетува дека „смртната казна не решава ништо“.
– ЕУ е недвосмислено против смртната казна во кои било околности. Смртната казна не спречува злосторства и секаква грешка станува неповратна, стои во соопштението на Могерини..
ЕУ од Минск очекува мораториум врз смртната казна, како прв чекор кон нејзино целосно укинување.
Белорусија е единствена земја на европскиот континент каде сѐ уште постојат егзекуции