Српската премиерка Ана Брнабиќ синоќа изјави дека е неопходна реконструкција на нејзината Влада за да може таа да функсионира како тим, најавувајќи дека за ова прашање во најкус можен рок ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
– Штом претседателот Вучиќ се врати од Брисел ќе го замолам да разговараме за реконструкција на Владата и за персоналните решенија – изјави Брнабиќ.
Според најавите, Вучиќ во Брисел ќе престојува в петок на средба со косовскиот претседател Хашим Тачи во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, што се води со посредство на ЕУ.
Брнабиќ нагласи дека Владата треба да функционира како тим “без суети и промовирање нечии лични агенди“.
– Мора да бидеме тим, бидејќи без тим нема резултати. Или ќе имаме реултати или јас не морам да бидам претседателка на Владата – нагласи Брнабиќ, додавајќи дека ја прифатила таа функција на молба на Вучиќ.