Дора Бакојани кандидат за генерален секретар на СЕ

103
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани е кандидат за генерален секретар на Советот на Европа, објави денеска организацијата.

Повикот за поднесување на кандидатури за заменик на актуелниот генерален секретар, Торбјорн Јагланд  е завршен. Четворица кандидати се пријавиле, меѓу нив и Дора Бакојани, која беше шефица на грчката дипломатија кога Атина го блокираше членството на Македонија во НАТО во 2008 година.

Другите тројца кандидати се белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, хрватската министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ и поранешниот литвански премиер, Андриус Кубилиус.

Конечната одлука треба да биде донесена до јуни годинава, а новиот генерален секретар на Советот на Европа ќе ја преземе функцијата во октомври.

Советот на Европа е европска организација различна од Европска унија, таа брои 47 членови, меѓу кои и Македонија и се занимава со човекови права и демократија.

ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...