Со чипови во училишните униформи против бегањето од часови?!

Нови „паметни“ униформи со чипови ги контролираат кинеските ученици дали бегаат од часови или не. Што мислите вие за овој вид на контролирање на учениците? Дали вие сте бегале од часови?

134

Неколку училишта на југот од Кина користат „паметни“ училишни униформи со чипови за да можат да надгледуваат дали учениците бегаат од часовите, известуваат кинеските медиуми.

Униформите имаат чипови кои ги локализираат учениците и можат да го регистрираат секое влегување или излегување од училиштето, навеле медиумите повикувајќи се на фирмата која произведува такви униформи.

Кога ученикот ќе стигне во училиште, чиповите го фотографираат неговото влегување во зградата“, изјавил директорот на едно основно училиште во провинцијата Гуејџоу која ги користи „паметните“ униформи од ноември.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...