Неколку десетици фоки се насукаа на канадскиот остров Њуфаундленд

72

Неколку десетици фоки се насукаа во канадскиот град Родиктон-Бјад Арм на островот Њуфаундленд, блокирајќи го сообраќајот и влезот во домовите и фирмите во тој град.

Две фоки веќе се угинати откако ги удрил автомобил, а се стравува дека останатите ќе угинат од глад.

Фоките се насукале откако водата замрзнала, што им оневозможило да се вратат во океанот.

Според канадскиот закон, забрането е да им се приоѓа на фоките.

– Изгледа како да сме поплавени – изјави градоначалничката Шејла Фицџералд за Си-Би-Ес Њуз, додавајќи дека фоките се наоѓаат на патиштата, во дворовите, на паркинг местата, на влезните врати, пред канцелариите.

Градскиот совет побара помош од канадските власти и се надева дека Секретаријатот за рибарство и океани ќе интервенира и ќе ги спаси фоките.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...