Во онлајн акцијата за прибирање средства за припадниците на француската полиција и жандармерија повредени за време на протестите на „жолтите елеци”, што пред два дена ја иницираше на претседателот на регионот Прованс-Алпи-Кот-д’Азур, Рено Музелие, досега се собрани над еден милион евра, јави дописникот на МИА.
Собирањето на средства за повредените полициајци претставува одговор на акцијата за прибирање пари за правна поддршка на поранешниот боксер Кристоф Детанже, кој е обвинет за напад врз двајца припадници на жандаремријата во Париз во саботата, за што ќе му се на 13 февруари. Во меѓувреме на Детанже му е изречена мерка притвор.
До денеска до 13,49часот беа собрани 1.008.223,09 евра за помош на полициајците од вкупно 36.894 донатори или во просек по над 27 евра по донација.
„Храброст и неограничена поддршка на нашите сили за спроведување на законот и безбедноста“, „Браво за оваа иницијатива; Сите оние кои го отфрлаат насилството и омразата мора да се мобилизираат за да кажат Стоп! Тоа е наша индивидуална и колективна одговорност“, се само некои од пораките на поддржувачите на акцијата
Во презентацијата на акцијата, Музелие, кој доаѓа од редовите на на опозициската конзервативна партија Републиканци, вели дека должност на сите „поддржувачи на Републиката е да одговорат на апсолутно аморалниот карактер (на собирањето средства за поддршка на Кристоф Детинже), што треба да биде осудено“.
– Кога напаѓаме полицаец, жандарм или пожарникар, всушност, ја напаѓаме Франција – додава Музелие, кој е поранешен француски државен секретар за надворешни работи.
Музелие сака да го поддржи 1.050-те полицајци, жандарми и пожарникари повредени од почетокот на протестите на движењето на „жолтите елеци“.
– Оние кои ги ставаат своите животи во опасност за да ги заштитат нашите и за да се почитува републиканскиот поредок во Франција, се соочуваат со апсолутно неподнослив бран насилство и омраза – додава тој.
Еден од портпаролите на Музелие соопшти дека собраните пари ќе бидат донирани на здруженијата на националната полиција и на оргзнизациите за помош на жандармите, полицајците и пожарникарите за да бидат дистрибуирани до повредените припадници на силите на редот.