Државниот долг на САД првпат надмина 21.000 милијарди долари

257

Националниот долг на САД првпат во историјата ја надмина сумата од 21.000 милијарди долари, покажуваат најновите податоци на американското Министерство за финансии.

Во септември минатата година долгот достигна 20.000 милијарди долари, додека на 20 јануари 2017 година, кога Доналд Трамп ја презеде претседателската функција, се движеше околу 19.000 милијарди долари.

Американскиот претседател тогаш вети дека „во рок од осум години ќе го елиминира јавниот долг“, а минатиот месец и овозможи на Владата неограничено задолжување до 1 март 2019 година.

Се очекува и даночните резови, во износ од 1.500 милијарди долари и двегодишниот договор за буџетот кој го усвои Конгресот, да придонесат за зголемување на буџетскиот дефицит и јавниот долг на САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...