Француски воен авион со два пилота денеска за време на лет исчезна од радарите во област во близина на границата со Швајцарија.
Портпаролката на француските военовоздухопловни сили изјави дека станува збор за француски ловец „Мираж 2000Д“, кој последен пат бил забележан на радарите во планинската област помеѓу регионите Дуб и Жура.
Авионот полетал по 11 часот од база во североисточна Франција.