Авион од авиокомпанијата „Јуровингс“ (Eurowings) по полетувањето од Келн со крајна дестинација Солун, бил погоден од гром, објави третиот канал на грчката државна телевизија ЕРТ.
Според истите информации, пилотот решил да се врати назад, авионот успешно слетал на аеродромот во Келн, а ниту еден од патниците не е повреден.
На солунскиот аеродром пак, од попладневно поради лошото време и интензивните врнежи од снег, има доцнења и при полетувањата и при слетувањата, а од компанијата „Фрапорт Грис“ (Fraport Greece) им препорачуваат на патниците да се информираат за нивните летови, јави дописничката на МИА од Атина.
– Поради неповолните временски услови на аеродромот во Солун„Фрапорт Грис“ им препорачува на патниците кои во следните часа треба авионски да патуваат кон и од Солун да контактираат или со нивната авиокомпанија или со нивната туристичка агенција или да го посетат официјалниот сајт на аеродромот: www.skg-airport.gr, се наведува во соопштението на солунскиот аеродром.