Тунтев седна во фотелјата на АЦВ

156

Со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, функцијата генерален директор на АЦВ, официјално ја презеде Томислав Тунтев, информира АЦВ.

Позицијата директор на Агенцијата, во присуство на раководниот тим и вработените во АЦВ,  на Тунтев му ја предал досегашниот директор, Горан Јандреоски.

– Јандреоски го информираше колегата Тунтев, за досегашните резултати на АЦВ постигнати на домашно и меѓународно ниво, како и за активностите кои и престојат на Агенцијата, за продолжување на трендот на напредок на институцијата, во постигнување на заедничката цел, креирање современ, европски етаблиран, еколошки одржлив, брз и ефикасен воздушен транспорт, респектибилен од меѓународните воздухопловни партнери од Европа и светот, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...