Близначки со различна боја на кожата

299

Близначките од Бирмингем, Мили и Марша, се редок феномен. На 11 години едната е со светол тен, а другата е црномуреста, додека на раѓањето имале исто боја на кожата. Марша денес има бела кожа, сини очи и руса коса, како нивната мајка белкинка, додека Мили има темна кожа, кафеави очи и црна коса и личи на татко ѝ, кој е од Јамајка.

На раѓањето помеѓу девојчињата не се гледала голема разлика, бидејќи имале слична боја на кожата, но по 10 месеци таа почнала да се менува. 


– Промената прво се забележа кај Мили. Нејзината кожа стануваше сè потемна и потемна, но тоа никогаш не нè загрижуваше, едноставно тоа го прифативме – рекол таткото Мајкл Бигс.


Каде и да се појавиле, ги привлекувале погледите на луѓето, бидејќи било интересно што девојчињата се поинакви, а често не верувале дека се близначки. 

– Повеќето мислат дека сме најдобри другарки. Кога ќе им кажеме дека сме родени една по друга, се шокираат, бидејќи имаме различна боја на кожата – објаснила Марша. 

Инаку, неидентичните близнаци се раѓаат кога два сперматозоиди ќе оплодат две различни јајце-клетки, поради што девојчињата меѓусебно личат како и другите роднини, а не како класичните близначки. Кај мешаните бракови на изгледот влијаат многу фактори, какви што се предците на родителите, комплексната пигментна генетика и други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...