„Исцелител“ ја освои главната награда за најдобар филм во Бергамо

724

Македонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ја доби главната награда за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Бергамо, Италија.

„Исцелител“ беше прикажан на првата натпреварувачка вечер на фестивалот во 20 часот, а во наредните денови имаше уште едно прикажување. Фестивалот во Бергамо се одржува од 10 до 18 март.

Филмот „Исцелител“ досега зема учество на многубројни меѓународни фестивали, на кои добри признанија и награди.

„Исцелител“ е филм за механичар од железничко депо, кој немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и од соседите душкала штово него гледаат нова надеж, односно исцелител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...