Како прво, на ниту едно дете, без оглед на полот, не треба да му се кажува дека не смее или дека не треба да плаче. На тој начин само им порачуваме дека не е во ред да го чувствуваат тоа што го чувствуваат. Им кажуваме дека нивните чувства не се битни. Тоа не е она на што сакаме да ги научиме своите деца.
На момчињата особено често им се праќа порака дека плачењето e знак на слабост, или уште полошо, дека момчињата не треба да го прават тоа, туку само девојчињата. Секако, оваа порака ги понижува девојчињата во однос на момчето кое тоа го слуша. Пораката не е едноставна „Ти си како девојче“. Вистинската порака е всушност „Девојчињата се слаби, a и ти си“.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey