Еден од најпознатите холивудски актери, Брус Вилис деновиве се покажа во поинакво светло.
Тој е фотографиран како излегува од приватна забава во Лондон, а на фотографиите се гледа дека е толку пијан што не може ниту да стои на нозе. Очигледно Брус добро се забавувал во клубот Annabel’s Members Club.
На излезот го пречекале репортери, но тој бил толку пијан, што не можел да оди, а уште помалку да дава изјави. Двајца телохранители го придржувале 63-годишниот актер, додека се обидувал да се симне по три скалила на клубот.
Успеал да стигне до автомобилот од каде репортерите ги „поздравил” со средниот прст.
Вилис на забавата бил без друштво на сопругата Ема Хеминг, со која е во брак од 2009. Брус со неа има две ќерки на 4 и на 6 годишна возраст, додека од бракот со Деми Мур има три деца на возраст од 24 до 30 години.