Москосвскиот бизнисмен Михаил Прокоров, кој се занимава и со политика, својте спортски интереси ги најде во најдобрата кошаркарска лига на светот.
Прохоров е роден во Москва каде дипломирал на Московскиот институт за финансии, и стана еден од водечките руски индустријалци во секторот племенити метали. Додека работел за „Норилск Никел“компанијата станала најголем светски произведувач на никел.
Во декември 2011 годинаобјави дека ќе оди самостојно во 2012 на претседателските избори. Рускиот премиер и поранешен претседател Владимир Путин тогаш беше фаворит во трката за претседател. Во јуни 2012 година најави основање на нова политичка партија „Граѓанска платформа“
Пребогатиот Русин во 2010 година стана прв неамерикански сопственик на некој НБА тим кога ги презеде акциите на клубот Њу Џерси нетс.
Неговото богатство се проценува на 7,8 милијарди долари и го надгледуваше преминувањето на Нетс од Њу Џерски во Бруклин. Тој се наоѓа на 14 место на списокот на најбогати Руси и е заколнат ерген. Како што тврди „Форбс“, подготвен е на сѐ, освен да се ожени.