Марија Шерифовиќ: MAC нема да помине без мене!

424

Марија Шерифовиќ настапува на MAC. Тоа е најновата вест која ја потврди Скајмјузик, во чија организација и продукција на 29 јануари се одржува првото регионално доделување на музичките признанија Music Awards Ceremony (MAC).

– Прв пат кога слушнав за MAC, помислив дека тоа е фантастична пудра, меѓутоа се покажа дека не е тоа, и сега сум пресреќна што конечно во Белград и регионално постои едно вистинско доделување на награди во сите категории – вели Марија на шега и додава „Јасно е како ден дека нема да помине без мене!“

MAC на едно место ќе ги собере најголемите ѕвезди од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, меѓу кои Марија несомнено зазема значајно место. Бајага, Ван Гог, Петар Грашо, Тони Цетински, Жељко Јоксимовиќ, Сергеј Ќетковиќ, Каролина Гочева, Наташа Беквалац и многу други популарни музичари ќе бидат дел од MAC спектаклот, а нивните настапи специјално се осмислени и режирани само за таа прилика. На бината на Штарк Арена во продукциска смисла ќе биде возможно се, затоа што MAC е прв настан на кој Скајмјузик ќе ја искористи својата комплетна продукциска опрема.

За време на четиричасовната програма која во живо ќе ја пренесуваат телевизиите со национална фреквенција од земјите од регионот ќе бидат доделени 30 музички признанија, а преку двесте ВИП личности ќе прошетаат по црвениот килим.

Публиката од регионот има можност преку страницата musicawardsceremony.com да гласа за своите фаворити и со тоа да ја зголеми шансата да влезат во историјата како први добитници на MAC признанијата. Околу 250 номинации се распоредени во 13 категории, а досега се пристигнати преку половина милион гласови.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...