Во зимското невреме во Европа загинаа 12 луѓе

269
Photo: EPA/CHRISTIAN BRUNA

Зимското невреме ширум Европа продолжи и денеска со тешки последици, а во последните седум дена во несреќи поврзани со невремето загинале 12 луѓе.

Стотици луѓе во алпските области се отсечени од светот, постојано се одложуваат и откажуваат летови, а секојдневно се зголемуваат и ризиците од смртоносни лавини на планините.

Во Норвешка поради лошата видливост и обилните снежни врнежи откажани се обидите да се пронајдат телата на четворица скијачи кои загинаа под лавина широка 300 метри во близина на северниот град Тромс.

Во Австрија стотици луѓе се отсечени од светот во своите домови поради блокирани патишта, а во некои региони прекинато е и снабдувањето со струја откако паднал далекувод под тежина од снег.

Училиштата во некои австриски региони денеска се затворени втор ден по ред, а на сопствениците на куќите им е советувано да го отстранат снегот од крововите откако се урнаа неколку куќи.

Вкупно 11 германски планинари вчера се спасени од нивниот планинарски дом во близина на Салзбург, откако во петокот биле оковани од снег и останале без струја и храна.

Останатите луѓе загинале под лавини во Швајцарија, Австрија и Германија, а властите предупредија дека со континуираните врнежи снег се зголемува и ризикот од нови лавини.

Фото: EPA/CHRISTIAN BRUNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...