И покрај ризиците, сѐ повеќе мајки ја јадат сопствената плацента. Зошто?

Некои веруваат дека тоа може да го подобри расположението, енергијата, производството на млеко и може да ги намали болката и крварењето. Истражувачите од Универзитетот во Торонто проучиле кој јаде плацента и зошто.

591

Манекенката и водителка Криси Тајген изјавила дека јадењето на нејзината плацента ѝ помогнало да ја избегне постпородилната депресија по раѓањето на нејзиниот син Мајлс. Најдоброто смути кое некогаш го пробала Хилари Даф е она кое го содржело нејзиниот постпартален орган, изјавила оваа американска актерка и пејчка, мајка на две деца.

Плацентата е привремен орган кој се развива во матката на жената која е бремена, а се исфрла од матката со она што обично се нарекува породување. Додека плацентата обезбедува хранливи материи и поддршка за фетусот, има недостаток на научни докази кои би ги поткрепило мислењата дека таа има здравствени придобивки за мајката која јаконсумира по породувањето.

И покрај овој недостиг на докази, плацентофагијата – како што се нарекува чинот на јадењена плацента по породувањето – стана растечки тренд со поддржувачи кои велат дека многу цицачи ја конзумираат плацентата на нивните потомци и дека практиката е стара околу неколку милениуми.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...