Алтернативата за тампоните и она што стана тренд помеѓу оние жени кои се еколошки настроени, а тоа се менструалните чашки, сега добиле и нова улога. Мајките низ светот јакористат и тврдат дека може да им помогне побрзо да забременат.
Оваа алатка досега беше позната како еко-френдли алтернатива за тампоните, но сѐ повеќе жени ја употребуваат за да ја насочат спермата од нивниот партнер токму кон вистинското одредиште и со тоа да го поддржат побрзото забременување.
Се разбира, идејата е на оние иновативни луѓе кои или немале доволно средства за ин-витро или пак сакале да се обидат претходно на секој можен начин да го направат ова сами, без медицинска поддршка.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey