Мастеркард го отстранува своето име од логото

Со тоа Мастеркард се придружува на неколкуте брендови како Најк и Епл кои во поголемиот дел од маркетиншкиот материјал се потпираат на слика, а не на име.

112

Компанијата Мастеркард соопшти дека после повеќе од половина век ќе го отстрани своето име од логото, но ќе остане црвениот и жолтиот круг. Со тоа Мастеркард се придружува на неколкуте брендови како Најк и Епл кои во поголемиот дел од маркетиншкиот материјал се потпираат на слика, а не на име.

Мастеркард, се наведува во соопштението во компанијата, во последните години настојува да се позиционира како „технолошка компанија во индустријата на глобално плаќање“.

Се верува дека 80 отсто од луѓето го препознаваат логото на Мастеркард иако не го содржи името на компанијата. Еден од директорите на маркетиншката компанија Метафорс Ален Адамсон нагласи дека „сликата кажува повеќе од зборовите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...