Љубовницата, а според некои извори и можна идна сопруга на рускиот претседател Владимир Путин, гимнастичарката Алина Кабаева, на гласањето на претседателските избори во Русија, се појави насмеана и со елегантен прстен на раката.
Според руските медиуми, тоа значи дека наскоро јавноста може да ја очекува и официјална потврда на нејзината врска со рускиот претседател, а можеби и свадба.
Гласините за нивната врска траат веќе десетина години, а оттогаш, од 2008 година, папараците никако да ја уловат со некој друг маж.
Путин во 2014 година се разведе од сопругата Људмила.