Шестгодишно девојче се спасило од смрт со помош на Фејсбук

140
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Шестгодишно девојче од американската сојузна држава Мичиген се спасило од речиси сигурна смрт откако се засолнило и објавило фотографија од нејзиниот мртов татко на Фејсбук.

На сликата се гледало како нивното куче пит-бул териер го јаде лицето на мртовецот, па по објавата, роднините на девојчето веднаш повикале итна помош. Тоа го спасило и животот на девојчето и на нејзината маќеа.

Откако дошла полицијата, маќеата била пронајдена предозирана и без свест, и веднаш била пренесена в болница.

– Девојчето спаси еден живот, ама преживеало траума од грозоморниот настан – изјави локалниот началник.

Идентитетот на лицата вклучени во овој настан не се открива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...