Вулин: Србија ќе добие два руски „Антонови“

584

Два руски транспортни авиони од типот Ан-26 наскоро треба да пристигнат во Србија согласно пакетот на воено-техничкиот договор постигнат меѓу претседателите на Руската Федерација и Србија, соопшти денеска српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

Ваквата најава Вулин ја даде за време на посетата на аеродромот „Батајница“, каде изврши обиколка на ремонтот и модернизацијата на авионите МиГ-29, како и на приемот на школските авиони „Ласта“, кои се воведени во оперативна употреба во српското Воено воздухопловство,

Вулин при тоа изјави дека во рамките т.н. „руски пакет“, покрај ремонтираните МиГ-29, тенковите Т-72 и оклопните возила БРДМ-2М, Себија ќе добие од Русија и два транспортни авиони со средна носивост Ан-26.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...