Ако Парламентот не го прифати договорот за Брегзит, Британија ќе се најде на непозната територија, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј.
– Ако договорот не биде усвоен на претстојното гласање, тогаш всушност ќе бидеме на непозната територија. Не мислам дека некој може точно да каже што ќе се случи во врска со реакцијата што ќе ја видиме во Парламентот – рече Меј.
Таа ги демантираше наводите дека по вторпат ќе го одложи гласањето за договорот за излез од Европската унија.
Британија би требало формално да ја напушти ЕУ во март годинава.