Денеска е Бадник, утре Божик, ама тоа веќе сите го знаеме, ако некој и не знаел, мислам на некој дојден однадвор, сигурно дознал синоќа.
Па да, луѓево кои толку се жалат на загаденоста на воздухот, синоќа заборавија на се – си ги наредија индијанските огништа, си запеаја, си бапнаа по некоја греана ракија, вино и пукнаа по две-три петарди, па среќни и задоволни се прибраа дома да се отспијат пред Бадник.
Утрово немаше ни многу коледари, или децата пораснале, или им било страв да влезат по дворовите бидејќи во секој има барем по едно куче, а можеби и сите со родителите заглавиле синоќа на оган, па спиеле до пладне.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.