Дефект во системот за греење можна причина за пожарот во Полска
loading...
Дефект во системот за греење е можна причина за пожарот во куќа во Полска, каде се наоѓала играчницата „Ескејп рум“, во кој загинаа пет тинејџерки и повредено е едно момче, соопштија локалните власти.
Пожарникарите во петокот во изнајмена куќа во градот Кошалин ги пронајдоа телата на 15-годишните тинејџерки откако го изгаснаа пожарот во собата која се наоѓала до просторијата во која влегле за прослава на роденден.
Со аутопсија е утврдено дека тинејџерките се задушиле со чад.
Обвинителот Ричард Гасјоровски изјави дека истекување на гас во системот за греење е најверојатна причина за пожарот.
Полската противпожарна служба претходно објави дека пожарот најверојатно го предизвикале неисправни електрични инсталации и пропусти во безбедносната процедура.