Контроверзен писател тврди дека го знае датумот на крајот на светот

450

Судејќи по досегашните предвидувања и разните „пророштва“, досега преживеавме неколку краеви на светот, но и понатаму се појавуват нови теории за судниот ден.

Контроверзниот автор и теоретичар за заговор, Дејвид Монтењ, тврди дека крајот на светот се очекува оваа година, пренесува „Сан“.

Во својата книга „End Times and 2019: The End of the Mayan Calendar and the Countdown to Judgment Day“, објавена во 2013 година, тврди дека во декември, 2019 година ќе дојде до серија апокалиптични настани, кои ќе траат седум дена.

– На 21 декември, 2019 година ќе се случи замена на магнетските полови на Земјата. Целата површина на планетата ќе се посмести по тековниот слој под Земјината кора. Неколку дена подоцна ќе има земјотреси, плимни бранови и ерупции на вулкани кои ќе ја уништат цивилизацијата. Постојат многубројни историски, геолошки и биолошки докази, дека такви земјени полови веќе се случиле. Дури во Библијата пишува за тоа. После оваа промена, ситуацијата ќе се влошува секојдневно, сè додека природните катастрофи не кулминираат на 28 декември, 2019 година. Тоа ќе биде судниот ден – тврди тој.

Замената на Земјените магнетски полови, објаснува „Сан“, е природна работа која се случува на секои 200.000 до 300.000 години. Таа промена се случува бавно, трае илјадници години, а освен што може да го ослабне магнетното поле на Земјата, научниците тврдат дека не предизвикува никакви природни катастрофи.

Монтењ и порано имал вакви понижувачки тврдења, како тоа дека на 6-ти јули, 2016 година, на Земјата ќе дојде Антихрист и тоа во телото на тогашниот претседател на САД, Барак Обама.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...