Грипот почна да одзема и животи: Двајца мртви во Хрватска

132

Во Хрватска забрзано се шири вирус на грип, а до сега се регистрирани 1.125 болни, додека две лица починале.

Хрватскиот завод за јавно здравство потврди дека од последици од болеста починале две лица, а врвот на епидемијата допрва се очекува.

Докторот Марко Кутлеша од Клиниката за инфективни болести во Загреб изјави дека оваа година доминира типот А, Х1Н1, што значи дека се очекуваат повеќе компликации со белите дробови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...