ОБНОВЕНО Пукотници во куглана во Калифорнија, има повеќе убиени

167
ФОТО: EPA

Повеќе лица се убиени во пукање во куглана во близина на Лос Анџелес, соопшти денеска локалната полиција.

Најновите информации се дека убиени се најмалку тројца мажи, а ранети четворица.

– Имаме информации за пукање со повеќе жртви – соопшти на Твитер полицискиот оддел во градот Торанс.

Полицијата информира дека истрагата е во тек и ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа.

Пукањето се случило во „Гејбл Хаус Боул“во Торанс, крајбрежен град на околу 30 километри јужно од Лос Анџелес.

„Лос Анџелес тајмс“ објави дека членови на семејства се собрале на местото на настанот барајќи ги своите најблиски, и чекаат информации од полицијата.

Во ноември, вооружен напаѓач отвори оган во преполн бар за кантри музика во пошироката област на Лос Анџелес, при што уби 12 лица, а потоа се самоуби.

Полицијата во градот Таусанд Оукс го идентификуваше напаѓачот како 28-годишен поранешен маринец.

Тоа убиство се случи помалку од две недели откако еден 46-годишен човек уби 11 луѓе во синагога во Питсбург. Осомничениот напаѓач е обвинет по 44 точки, вклучувајќи и религиозни злосторства од омраза, и ако биде осуден може да добие смртна казна.

ФОТО: EPA (Архива)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...