Катар обвини банка од Абу Даби за „финансиска војна“

Банката одговори дека сите свои трансакции ги врши согласно законите и највисоките стандарди на финансиската индустрија.

135

Катар побарал од американските власти да извршат истрага на работата на Првата банка на Абу Даби, најголемата банка во Обединетите Арапски Емирати. Катар ја обвинува банката од ОАЕ дека е вмешана во „финансиска војна“ против Катар, односно дека манипулира со валутата и вредноста на акциите на компании од Катар.

Барањето доаѓа во период на високи тензии меѓу Катар од една страна и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет од друга страна. Четирите арапски држави воведоа ембарго против Катар, обвинувајќи ги катарските власти за блиски врски со нивниот регионален ривал Иран.

Според Ројтерс, од американските власти се бара да испитаат дали Првата банка на Абу Даби ги прекршила американските закони со своите зделки кои влијаеле врз вредноста на катарската валута.

Банката одговори дека сите свои трансакции ги врши согласно законите и највисоките стандарди на финансиската индустрија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...