Петмина ранети при експлозија на автобуска постојка во Чиле

57
Најмалку пет лица беа ранети денеска при експлозија на поставена бомба на автобуска постојка во чилеанскиот главен град Сантијаго.

Експлозијата се случила околу пладне по локaлно време (17 часот по средноевропско време), кога минувач допрел торба оставена на автобуската постојка на една од главните сообраќајници во Снатијаго, авенијата „Бенхамин Викуња Макена“.

Градоначалничката на Сантијаго, Евелин Матеј изјави дека во овој случај постоела „јасна намера да се предизвика штета“.

Одговорност за експлозијата презеде еко-терористичката група Индивидуалци кои тежнеат кон дивината (ИТС).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...