Кредит од 5,9 милиони евра зема компанијата ЕЛЕМ од Европска банка за обнова и развој (ЕБРД) за изградба на фотонапонската централа Осломеј. Договорот денеска го потпишаа директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер и директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски. На потпишувањето присуствуваа и премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Директорот на ЕЛЕМ Миновски рече дека за изградба на фотоволтната централа ќе бидат потрошени 7 милиони евра.
– Вкупно 5,9 се пари кои се обезбедуваат со заемот од ЕБРД, остатокот го обезбедува од ЕЛЕМ. Електраната ќе вкупно ќе произведува 15 гигаватчасови доволни за годишна потрошувачка на 2.000 домаќинства. Ќе се гради на 15 хектари површина на локација на Осломеј – рече Миновски.
Кредитот е без државна гаранција, оти ЕЛЕМ е високосолвентна компанија.
Миновски рече дека во работењето на фотоволтната електрана ќе бидат вклучени сегашните 1.000 вработени , но пред тоа тие ќе бидат едуцирани.
Хари Бојд Карпентер пак рече дека ова не е најголем договор што се потпишува со ЕЛЕМ.
– Но овој договор е еден од најважните објекти заштого покажува патот кон иднината на земјата и регионот. Ќе имате чиста и евтина енергија е тоа е добро – рече Бојд Карпентер.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека оваа инвестиција ќе значи дека земјата од производство на енергија која ја загадуваше околината преминува на чиста енергија.
– Ова претставува пример како еден објект кој што го забворавивме тоа е ТЕЦ Осломеј кој што скоро и да не работеше изминатите години полека ќе го претвориме од загадувачки објект во производител на чиста енергија.Тоа се само првите 10 мегавати денеска а таму ќе продолжи градењето со повеќе инстлаирана снага до 30-40 мегавати како што е планирано во планот на ЕЛЕМ – рече Анѓушев.
Тој најави дека годинава ќе бидат распишани тендери за фотоволтаици и за ветерна централа.
Премиерот Заев пак реќе дека ова инвестиција прва во оваа година е порака дека владата се посветува на економијата.
– Значјно е што државата го повлекува првиот чекор во она што следува од вкупно преку 200 мегавати инвестиции ќе се реализираат на неколку локации во земјата преку јавно-приватно партнерство или сопствени инвестиции – рече Заев.