Заев: Минималната плата ќе се утврди на преговори со заинтересираните страни

Според него, наскоро ќе почне и процедурата за почниување на преговорите во Економско социјалниот совет.

82

Премиерот Зоран Заев и денеска најави дека годинава се планира зголемување на  минималната плата, но рече дека допрва треба да се реализираат преговорите со дзаинтересираните страни.

– Тоа ќе биде транспарентен процес. Ќе преговараме со синдикатите и исто така со работодавачите. И медиумите ќе бидат вклучени за да известуваат за процесот, бидејќи ние сме солидарна држава. Ние веќе еднаш така направивме кога ја зголемивме минималната плата првиот пат – рече Заев на денешната прес -конференција.

Според него, наскоро ќе почне и процедурата за почниување на преговорите во Економско социјалниот совет.

– Има простор за уште едно зголемување кое ќе ја активира дополнително спиралата на покачување на сите преостанати плати во Македонија. Како што е редот, на самиот почеток на годината ја соопштивме само намерата, а набрзо верувам дека ќе започне процесот – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...