Дизелот поевтинува, бензините со иста цена

Цената на „еуродизеот“ од полноќ ќе изнесува 57,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 46 денари.

574

Малопродажните цени на „еуродизелот“ и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари на литар, а цените на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ остануваат исти. Вака одлучила Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница.

Цената на „еуродизеот“ од полноќ ќе изнесува 57,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 46 денари.

Се намалува и малопродажната цена на мазутот, за 0,473 денари за килограм и изнесува 27,636 денари.

Одлуката на регулаторите е базирана врз основа на цената на нафата и курсот на денеарот според доларот во изминатите две недели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...