Меѓутоа, како што наведува Ал Џазира Балкан, проценките на експертите се дека таа бројка е можеби и двојно поголема, бидејќи многу Хрвати заминуваат во другите членики на ЕУ „на црно“ и не се пријавуваат дека ја напуштиле земјата.
Според телевизијата, неофицијално, во посочениот период од Хрватска се иселиле дури 230.000 лица, а ако на оваа бројка се додадат и оние што ја напуштиле државата во 2017 и 2018 година, се доаѓа до бројката од над 300.000 луѓе.
Најголема загриженост за хрватските статистичари претставува тоа што најголемиот број од новите хрватски емигранти се млади брачни двојки со малолетни деца. Според загрепскиот Институт за јавни финансии, просечната старост на хрватските емигранти по 2013 година се намалила од 41,5 на 33,6 години.
Експерите проценуваат дека до 2050 година Хрватска ќе ја напуштат околу 800.000 нејзини жители, а во исто време на земјата ќе и бидат потребни дури милион нови работници.
Ал Џезира Балкан наведува дека и покрај загриженост на експертите, хрватските медиуми се обидуваат да „пробијат приказна“ дека иселувањето почнало „да успорива“ и дека интензитетот на емигрирањето од Хрватска ослабел.