Како што јави ДПА, според овие најнови податоци, по уривањето на дел од десеткатната зграда предизвикано од експлозија на системот за гас, сега како исчезнати се водат уште три лица.
При експлозијата беа уништени или оштетени вкупно 48 станови во станбениот блок изграден во совесткиот период.
Рускиот истражен комитет соопшти дека како единствена причина за несреќата се истражува експлозија на гас во еден од становите, отфрлајќи ги гласините дека станува збор за можен терористички напад.
Претходно денеска руските медиуми јавија дека еден од жителите на зградата доживеа, како што изјави, „новогодишно чудо“, откако неговиот 11-месечен син Иван Фокин беше пронајден жив под урнатините, 36 часа по инцидентот. Бебето е префрлено во московска болница со повреди на главата и со хипотермија, бидејќи под урнатините преживеало на температури под нулата.
Руската министерка за здравство Вероника Скорцова изјави дека бебето е на интензивна нега и надвор од животна опасност.