Вермонт ќе им плаќа на луѓето да се преселат таму

194

Од 1. јануари во американската сојузна држава Вермонт стапи во сила закон со кој таа ќе им плаќа на луѓето да се преселат во неа.

Државата им дава на луѓето до 10.000 долари во период од две години за вработени во компании надвор од Вермонт, а кои сакаат да работат далеку од своите домови.

– Имаме демографски проблем во државата. Ни требаат повеќе луѓе, изјави гувернерот на Вермонт, Фил Скот.

Според американското Биро за попис на населението, Вермонт е трета држава по ред со највисока стапка на средовечни луѓе (42,7 години).

Меѓутоа, сите кои се заинтересирани треба да побрзаат бидејќи финансиските средства за програмата се ограничени и ќе се доделуваат по принципот „прв дојде, прв доби“. Законодавците одобриле 500.000 долари за оваа програма.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...