Кардашијан и Вест очекуваат четврто дете, повторно од сурогат мајка

199
ФОТО: Твитер / „Е! News“
Познатиот рапер, Кање Вест, и неговата сопруга Ким Кардашијан го очекуваат нивното четврто дете, кое ќе им го роди сурогат мајка – објави магазинот „Пипл“.

Ким и Кање веќе ги имаат синот Сеинт и ќерките Норт и Чикаго, кои исто така ги добија преку сурогат мајки.

Според „Пипл“, новиот член на семејството  Вест-Кардашијан треба да се роди во текот на мај и тоа повторно ќе биде син.

Кање Вест секогаш изјавувал дека сака да има многу деца, но поради здравствените проблеми на Ким, тие се принудени да ангажираат сурогат мајки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...