Германските и холандските власти покренаа истрага за исчезнати бродски контејнери, а се претпоставува дека во дел од нив има опасни материи.
Контејнерите исчезнаа од товарен брод кој го зафати бура, а властите трагаат по околу 270 контејнери.
Централната команда за итни поморски случаи соопшти дека шест контејнери се забележани во германските води, а дека околу 20 испливале во Холандија.
Германските власти соопштија дека во некои од контејнерите се наоѓа органски пероксид, кој е запаллив и исклучително отровен.
Граѓаните на Холандија се алармирани да не се приближуваат на контејнерите доколку ги забележат.