Одложувањето на првото бањање кај новороденчињата-нов тренд

Во речиси сите родилишта ширум светот е обичај бебето да се избања веднаш по раѓањето или откако ќе помине кратко време на мајчините гради. Меѓутоа, помеѓу родилките постои нов тренд – одложување на бањањето.

698

Иако е тоа речиси правило кое се почитува во целиот свет, новопечените мајки почнале да го следат трендот кој е комплетно спротивен на тоа. Имено, тие бараат бебето да не се бања дури ни неколку дена после породувањето. Бројот на мајките кои ја почитуваат оваа практика е сѐ поголем затоа што постои верување дека колку подолго стои на бебето оној слој толку побрзо ќе дојде до поврзување и полесна транзиција со доењето.

Некои мајки кои го практикувале овој тренд изјавиле дека бебињата прекрасно мирисале и не биле бањати и до четири дена по породувањето.

Ние не можеме, а да не се запрашаме дали овие мајки знаат нешто што ние не знаеме или станува збор за празни верувања?

Дали сте спремни за новиот тренд?

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...