Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југозападниот дел на Јапонија, но не предизвика материјална штета и цунами.
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот ги погодил Фукуоку, Нагасаки и Кумамото, југозападно од островот Кјушу.
Двете нуклеарни електрани регуларно работат, а аеродромот Кумамото е привремено затворен.
Јапонија е едно од подрачјата кое е најпогодено од земјотреси и цунами во светот.