Алибаба нуди две милијарди долари за преостанатиот дел од Лазада

Алибаба веќе поседува 83 проценти од Лазада, која се соочуваше со загуби во изминатиот период.

192
EPA/LAURENT GILLIERON

Компанијата Алибаба понуди две милијарди долари за преземање на преостанатиот дел од групацијата Лазада, која се занимава со интернет продажба во југоисточна Азија.

Алибаба веќе поседува 83 проценти од Лазада, која се соочуваше со загуби во изминатиот период.

Според понудата, Луси Пенг од Алибаба ќе стане новата директорка на Лазада, а основачот на оваа компанија Макс Битнер ќе биде примен како виш советник во Алибаба.

Алибаба се соочува со зголемена конкуренција од Амазон за азискиот пазар. Амазон лани воведе можност за испорака на купените производи во рок од два часа во Сингапур во обид да преземе дел од пазарот од Алибаба.

Фото: EPA/LAURENT GILLIERON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...