Папата Франциск вртеше фудбалска топка

82

Папата Франциск денес уживаше во настапот на кубанскиот национален циркус на генералната аудиенција во Ватикан и им рече да ја продолжат својата мисија донесувајќи му убавина на светот.

Уметниците од кубанскиот циркус приредија одлична забава во Ватикан.

Најинтересен момент беше кога еден од членовите на групата му даде на Папата да ја врти топката.

Тој ги воодушеви присутните со својата вештина со фудбалската топка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...