Косовски заменик-министер запрен од српската полиција на границата со Косово

688
Потпретседателот на Либералната партија на косовските Срби и заменик министер за култура, млади и спорт во Владата на Косово, Бобан Станковиќ, е задржан денеска од страна на српската полиција на преминот Мердаре на границата меѓу двете земји – јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста на Фесјбук ја објави премиерот Рамуш Харадинај, нагласувајќи дека „продолжуваат провокациите и неконструктивниот однос на српската држава кон граѓаните на Република Косово“.

Косовскиот премиер тврди дека, според информациите со кои располага, полициските службеници го запреле Станковиќ без никаков повод, по што го предале на припадници на српската Безбедносна информативна агенција (БИА), кои го испитуваат.

– Ги повикуваме српските власти да престанаат со таквата пракса на притисок врз граѓаните Срби, кои сакаат да го градат својот живот во Република Косово. Косово е држава на сите негови граѓани и ние нема да прифатиме на овој начин да се заплашуваат нашите граѓани, порача Харадинај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...