Европа воведе нови мерки против даночна евазија

Со овие правила Европската комисија очекува да спречи голем дел од профитите на компаниите да се пренасочуваат кон земји каде не се оданочени.

388

Од 1 јануари сите земји членки на Европска унија мораат да ги применуваат новите законски мерки против даночна евазија. Овие мерки ги таргетираат пред сѐ големите мултинационални компании.

Со овие правила Европската комисија очекува да спречи голем дел од профитите на компаниите да се пренасочуваат кон земји каде не се оданочени.

– ЕК конзистентно и долго време се бори против агресивното даночно планирање, оваа борба сѐ уште не е добиена, но ова претставува важен чекор во нашата битка против оние кои се обидуваат да ги искористат дупките во даночни системи на земјите членки за да избегнат да платат милијарди евра данок, изјави еврокомесарот за економија и финансии -Пјер Московиси.

Една од овие мерки е оданочувањето на профити, што биле преселени во земја со ниска даночна стапка, каде компанијата нема вистинска економска активност.

Други дополнителни мерки ќе стапат во сила од 1 јануари 2020.

Оваа директива за борба против даночните измами беше предложена во 2016 од страна на ЕК и треба да им помогнат на земјите на ЕУ да се справат со компаниите, кои не придонесуваат правично во даночниот систем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...