Една третина од Французите веруваат во Владата

51

Извршната власт на Франција ќе мора да се докаже, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење, спроведено од институтот Харис Интерактив за потребите на телевизијата М6 и радиото РТЛ.

Според анкетата, само една третина од Французите веруваат во способноста на извршната власт да „дејствува во вистинска насока” за идните реформи, јави дописникот на МИА.

Триесет и три проценти од испитаниците сметаат дека извршната власт е способна да дејствува во вистинската насока за реформата на институциите, 32 отсто за здравственото осигурување и 29 проценти за пензиите.

Две третини од Французците (67 отсто) сметаат дека Владата мора „пред се да ја поттикне куповната моќ на граѓаните“, па дури и ако не се справи со долгот и дефицитот на Франција, додека 27 проценти од испитаниците веруваат дека контролата на долгот и дефицитот треба да бидат приоритет.

Помалку од една половина од анкетираните (47 проценти) одговориле дека се „оптимисти“ за новата година, наспроти 51 отсто „песимисти“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...