По разделбата со поранешниот свршеник Пит Дејвидсон, многу фанови на пејачката Аријана Гранде се прашуваа кој е нејзиниот нов избраник.
На прашање „Со кој се гледа Аријана сега?“, Гранде одговори на Твитер со „Може ли да ми кажат и мене?“, пренесува „Е! News“.
– За целава година/најверојатно и целиот мој живот: Со никој не се гледам. Ве молам вратете се повторно на овој твит, доколку имате прашања во иднина – додаде пејачката на „Благодарам, следен“.
ФОТО: Инстаграм